Мобилни екипи на Центарот за јавно здравје - Охрид

 Центарот за јавно здравје излегува во пресрет на повозрасните, болни и немоќни граѓани. Од таму информираат дека деновиве доколку имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги, а сте на возраст над 60 години и не сте во можност да дојдете во амбулантите на Центар за јавно здравје - Охрид, мобилните  тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги извршат потребните услуги и ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа. Вашите податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно издадениот упат од матичен лекар, можете да ги оставите со јавување на еден од телефонските броеви 046/231-031 или 072/251-948, најдоцна до 13 часот.