Наизменични врнежи од дожд и снег

 
Врнежите од дожд и снег денес беа наизменична временска појава во Охрид,  на моменти пропратени со грмежи. Снегот и вечерва паѓа, а надлежните служби рачно го расчистуваа плочникот во охридската чаршија. Врнежи се очекуваат и во текот на ноќта, а според метеоролозите и наредниве два дена ќе надвладува влажната воздушна маса која во текот на утрешниот ден ќе донесе повеќе периоди со врнежи од дожд и максимална дневна температура од 2˚С, а  во четврток врнежите ќе бидат од снег, и постепено ќе се намалуваат.