Следува врнежлив викенд

Денес во Охрид времето беше врнежливо и ветровито, но релативно топло со максимална дневна температура од 10˚C. За викендов метеоролозите не прогнозираат  поголеми температурни и временски промени.  И  утре се очекува слично време, со врнежи од дожд, повремен ветер, со утринска температура од 3, а максимална дневна температура до 9˚C.  Во недела се очекува мал пад на утринската температура која ќе биде два степени под нулата, а максималната дневна ќе го достигне петтиот степен од Целзиусовата скала.