Вечерва трка на келнери и многу забава во Охрид

Во рамки на проектот “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид”, денес охриѓани и гостите во градот ќе имаат можност да ја проследат трката на келнери, настан, кој  за првпат се организира во Охрид. Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред lounge bar Objektif се до плоштадот Св Климент Охридски. Настанот е најавен за 19:30 часот. За најбрзите келнери следуваат и богати награди. По завршувањето на трката, следува забава на Градскиот плоштад, за која  ќе се погрижат групата Камелеон, заедно со Жармена и Китроз, по што  круна на денешните празнувања, ќе биде концертот на групата Фолтин. Не пропуштајте!