Уште еден продолжен викенд – бидете во Охрид

Следува уште еден продолжен викенд, кој ви препорачуваме да го поминете во Охрид, затоа што има што да се види. Во петок е празникот Богојавление – Водици, а во Охрид масовно се прославува овој настан, ден кој според календарот на работни денови е неработен. Прославите ќе  започнат во раните утрински часови со богослужби во сите парохиски цркви. Годинава големиот богојавленски водосвет, фрлањето на крстот  ќе биде од градското пристаниште во 10:00 часот.  Истиот ден, има уште неколку настани кои се интересни за сите посетители. Трката на келнери која наместо денес (на 17-ти), поради временските прилики се пролонгира за 19-ти во 19 часот, а ќе се одвива на потегот од пред “Mr.I”, се до кружниот тек кај Градскиот плоштад. А на големата сцена на плоштадот, вечерта, од 21:30 часот, не го пропуштајте концертот на култните Фолтин, кои исто така настапуваат како дел од проектот “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид”.