Охрид подготвен за достоинствено одбележување на празникот Богојавление - Водици

Охрид е подготвен за најмасовната празнична манифестација – Богојавление –Водици. Централната прослава  ќе биде  на  19 Јануари. Прославите ќе  започнат во раните утрински часови со богослужби во сите парохиски цркви. Годинава големиот богојавленски водосвет, фрлањето на крстот  ќе биде од градското пристаниште во 10:00 часот.  Во тек е пријавувањето на потенцијалните фаќачи на светиот крст. За безбедноста на сите кои ќе скокаат во езерските води  ќе бидат ангажирани  спасители на вода, нуркачки и  медицински тимови. Во духот на христијанската вера  и обичаи  среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван од градоначалникот  Јован Стојаноски со икона, а МПЦ ќе му подари златно ланче со крст.
 Наредниот ден, 20 јануари,  на Сараиште ќе се одбележи денот на рибарите. Традиционално рибната чорба ќе ја подготвуваат учениците од СУТУ „Ванчо Питошески“.  Организатори на манифестацијата  се Општина Охрид и Македонската Православна Црква.