Незаборавна вечер со Љубојна на Градскиот плоштад



“Мори чупи Костурчанки”, “Твојте очи Лено”, “Ибраим оџа”, се само дел од хитовите во кои публиката синоќа уживаше на Градскиот плоштад во Охрид. Концертот на престижните Љубојна, со незаменливиот глас на Вера Милошеска, може да се каже дека е врвот на манифестацијата “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид”. Проектот кој е во тек и трае се до 20-ти јануари, се покажа како повеќе од успешен за Охрид. Градот оживеа и за време на зимските празнувања, се почувствува позитивната енергијата која потестува на убавината и среќата што не треба да се игнорираат. И, секако, тоа е можност и за гостите во Охрид, што помасовно да доаѓаат и вон летната сезона, бидејќи и тогаш има што да се види и да се ужива во многу нешта.
 

Галерија