Викендов Љубојна во Охрид!


 Токму на дочекот на православната Нова Година - Василица (13-ти јануари), на охридскиот плоштад уште еден настан кој ветува масовна посетеност – концерт на Љубојна! Несомнено е дека сите љубители на етно музиката ќе имаат можност да уживаат час и половина во најавениот концерт закажан за 21 часот, во музиката која го пренесува пулсот на македонскиот мелос, исполнета  во сите нејзини форми – во нејзината изворна, класична, популарна па и експериментална форма. Концертот е дел од проектот “ Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид".