Ден на виното со Драган Б. Костиќ

Вечерва во рамки на проектот “Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид” не пропуштајте го дружењето со Драган Б.Костиќ, одбрана музика, сирење, но и многу вино од најдобрите македонски винарии, а во сето тоа ќе може да уживате од  20:00 часот. Предвиден е и настап на Александар Митевски, а настанот ќе се одржи на големата сцена на Градскиот плоштад, каде се поставени и посебни тезги за најавеното  случување.