Охридските коледарчиња подготвени за Бадниковата литија

И оваа година, како и изминатите четири, на Бадник, рано наутро, околу 400 деца со ѕвезди во раце, кандила и свеќи ќе го наговестат Христовото раѓање. Преку коледарската песна “Вечниот Бог”,  низ улиците на градот ќе одекне радосната вест за раѓањето на Спасителот. Поворката ќе тргне од црквата “Св. Ѓорѓија”, низ градските улици, се до плоштадот каде веќе е поставена Бадниковата пештера, а дечињата учесници во поворката ќе добијат новогодишни пакетчиња.