Промоција на последните изданија на издавачката куќа „Ми-Ан“ од областа на македонскиот јазик и македонската литература и култура во Охрид

Вечерва во 19 часот во Конгресниот центар при УКИМ во Охрид ќе се одржи промоција на последните изданија на издавачката куќа „Ми-Ан“ од областа на македонскиот јазик и македонската литература и култура.



Како дел од насловите се издвојуваат: „Лексикологија на македонскиот јазик“ од Симона Груевска Маџоска, прв ваков труд во македонската наука, „Топонимијата на Крушевско“ од Мери Јосифовска, „Јазикот и стварноста“ од Бобан Карапејовски, „Егзодусот, егејското прашање и другоста“ од Билјана Рајчинова.

Меѓу изданијата ќе бидат промовирани и три лексикографски изданија: „Речникот на паронимите во македонскиот јазик“, „Речникот на антонимите во македонскиот јазик“ и „Речникот на хомонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами.