Четврто издание на Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри

 Клубот за спортови на вода "Охридски бранови 2008" го организира четвртиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 километри. 

Маратонот ќе се реализира денес, петок, 26.08.2022, во водите на Охридското езеро на водената површина помеѓу Старото пристаниште - хотел Палас и хотел Милениум. 

Стартот на маратонот е предвиден за 10:30 часот.