Кина гради најмоќен радарски систем за одбрана на планетата

Кина почна со конструкцијата на активна опсервација со цел унапредување на одбраната на планетата Земја.

Кинески научници тврдат дека новиот радарски систем ќе помогне во заштитата на луѓето од вселенските карпи, покрај другите слични програми како што е DART мисијата на американската вселенска агенција НАСА.

Градбата е така дизајнирана да ги открива астероидите близу Земјата кои може да бидат закана за човештвото, а ќе биде изградена во Чонгкинг на југозападот на земјата. Кодното име на објектот е China Fuyan.

Оваа опсерваторија ќе има повеќе од 20 антени со пречник од 25 до 30 метри. Антените ќе работат симултано за да вршат HD опсервации на астероидите оддалечени до 150 милиони километри од Земјата. Како што пишува Global Times, тоа ќе биде радарски систем со најголем досег. 

 

Претседателот на Технолошкиот институт во Пекинг, Лонг Тенг, изјави дека изградбата на опсерваторијата China Fuyan ќе ја унапреди одбраната на Земјата, но ќе помогне и во проучувањето на потенцијално населливите егзопланети и формулации од астероиди.

Изградбата на Fuyan ќе почне со четири радари со пречник од 16 метри, кои се дизајнирани за почетни испитувања. Ако се оди според планот, бројот на антени ќе се зголеми на над 20, а со тоа ќе се создаде HD радарски систем. Тоа ќе биде првиот радар за длабоката вселена кој ќе може да прави 3D снимаање и динамично следење, како и активни опсервации на вселенските тела во соларниот систем.

(Klix.ba)

www.inovativnost.mk