Промоција на романот "Надеж" од Ване Николоски

Денес, 13 јули, во НУ  Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Надеж“ од Ване Николоски, наш роднокраен автор од Австралија - писател и голем љубител на природата и својот Охрид.

-Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која не можам да функционирам нормално. Романот „Надеж“ е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта - вели авторот Николоски.

 Во 12 часот романот „Надеж“ ќе го промовира писателот Мирко Томовски, а свое видување на романот ќе даде и библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, која беше меѓу првите читатели кои имаа можност да го прочитаат.

Водител на промоцијата и наратор ќе биде Елизабета Бојчевска,вработена во библиотеката.