Неколку часа прекин во водоснабдувањето во централното градско подрачје

Денес до 12 часот на пладне, ќе има прекин во водоснабдувањето во централното градско подрачје. 

Како што информираат од ЈП Водовод - Охрид, поради приклучување на неколку објекти во водоводната мрежа, на улицата "Македонски Просветители", прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците: "Даме Груев", "Партизанска", "Димитар Влахов", "Кеј Македонија", дел од "Туристичка" и стариот дел на градот.