Од кујната на Виолета - Чизкејк

Денес во нашата кујна Виолета ни подготви уште едно слатко задоволство, кое и вие можете да го подготвите и да ги изненадите вашите блиски. 

Еве што се е потребно за да подготвите чизкејк во калап број 26: 

300 грама мелени бисквити
150 грама маргарин
50-100 мл густ сок или млеко 

Фил: 

500 грама маскарпоне
300 мл хопла
100 мл млеко 
200 грама шеќер во прав
1 кесичка желатин

Подготовка: 

Бисквитите се мешаат со маргаринот и сокот и смесата се натапкува во соодветен калап со обрач. Хоплата се мати со миксер, а во друг сад се мати маскарпонето со шеќерот во прав. Желатинот се раствора со 3-4 лажици вода, потоа се заедно се соединува, и постепено се додава млекото. Подготвениот фил се става врз бисквитниот дел, се израмнува и се става во ладилник. 

За основниот дел, водата се става на оган да се загрее и се додава шеќерот, ванилиниот шеќер, овошјето, и се остава неколку минути да врие. 

Пред да се тргне од оган, во садот се додава растворениот желатин, па се остава малку да излади. Потоа се става врз белиот фил, и подготвената торта се става на ладење се додека смесата не се стегне.