Од кујната на Виолета - уште една позната техника за бојадисување велигденски јајца - со лушпи од кромид

За денес нашата неуморна Виолета ни нуди уште една техника за декорирање на велигденските јајца.

Станува збор за техника со лушпи од кромид. За да ги обоите на овој начин, потребно е:

Лушпи од кромид
Бел лист хартија
Зелена боја за јајца
Лажица оцет

Се зема поголема количина лушпи од кромид и се ситни со помош на ножичка или блендер. Листот хартија исто така се сечe со ножицi на ситни парчиња и се меша заедно со лушпите од кромид во длабок сад. Јајцата се навлажнуваат со вода и се ставаат во садот со лушпи за да се залепат. Едно по едно се ставаат во газа или перлон чорапи, се подврзуваат и се ставаат во тенџере. Се налева вода,да ги покрие јајцата и се става малку сол во варењето. Се варат тивко неколку минути, се трга настрана садот и се оставаат 10-ина минути убаво да се обојат. Се истура водата во која се вареа јајцата, се налева друга чиста топла вода.

Зелената боја се раствора во филџан со вода и лажица оцет и му се додава на јајцата. Така треба да отстои 5,6 минути. Се вадат јајцата со лажица, се вадат од газата, добро се чистат од лушпите и се мијат со чиста вода. За добар сјај на јајцата добро е да се премачкаат со масло.

Со овој рецепт нашата Виолета ви посакува среќни Велигденски празници, да си ги дочекате во здравје и среќа.