Ифтарска вечер во организација на градоначалникот Кирил Пецаков

Градоначалникот Кирил Пецаков, вечерва организираше ифтарска вечер за граѓаните од муслиманска вероисповед.

Оваа вечер се организира во духот на меѓусебното разбирање, почитување, толеранција и соживот.

Ифтарската вечер под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид се организира традиционално години наназад, со цел да ги зајакне односите помеѓу охриѓани и да испрати порака за хуманост и солидарност.

 

 Извор: www.ohrid.gov.mk