Од кујната на Виолета - дански колачиња

Дански колачиња е рецептот кој нашата драга Виолета го подготви овој четврток за нас.

Еве што се е потребно и како да ги подготвите:

250 гр омекнат маргарин
120 гр шеќер
1 јајце
прстофат сол
1 лажица екстракт од ванила
350-400 гр брашно

Маргаринот и шеќерот се матат кратко со миксер, се додава јајцето, солта и екстрактот од ванила.

Се исклучува миксерот и се продолжува со рака додавајки го постепено брашното.

Готовото тесто се става во ладилник, покриено со фолија половина час. Формите за колачите се по ваша волја, може да се потковици, кругови, срценца или било какви.

Се печат на 180°С 12-15минути. Доколку сакате да ги чоколадирате потребно
е глазура од 100 гр чоколадо и 5 лажици масло.