Од кујната на Виолета - рецепт за сусамки

Секој четврток нашиот магазин отстапува место за неодоливите рецепти на Виолета. Денес, таа ни подготви еден постар рецепт, но е доволно примамлив и вкусен, за и вие да го подготвите. 

Еве како да направите вкусни сусамки: 

250ml. млеко 
250ml. вода 
1 коцка свеж квасец 
лажичка сол
лажичка шеќер 
еден филџан масло за јадење
околу 900 грама брашно

Од наведените состојки се меси убаво тесто и се остава да одмори 30 минути. Тестото се дели на 12 топчиња и секое од нив се обликува во кифла со помош на сукалка. Направените кифлиња едно по едно се потопуваат во раствор од 500ml вода, лажиче сол, лажица мед, и се валкаат во сусам (околу 150 грама е потребно). Вака подготвени кифлите стасуваат 20 минути.

Пред печење им се става по мало парченце маргарин. Се печат на 200ºC , 20 минути. 

На здравје!