Од кујната на Виолета - уште еден посен десерт - еве како да подготвите вкусни пиварки

И овој четврток нашата драга Виолета со нас споделува уште еден предлог за  посен десерт. Еве како Виолета ги подготвува познатите пиварки:
 
250 мл пиво
250 мл масло
2 лажици шеќер
1 прашок за печиво
100 гр гриз
Околу 600,700 грама брашно
100 грама ореви за полнење

Шербет:

700 мл вода
800 гр шеќер
Половина цеден лимон

Најпрво течните состојки се ставаат во длабок сад, се додава гризот, пецивото, шеќерот и постепено се додава брашното. Се меси тестото и се дели на еднакви топчиња, се става орев и се оформуваат топчињата.

Се печат на 200 °С се додека заруменат по краевите.

Ладните колачи се полеваат со топол шербет.