Вонредни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации

Екипите на ЈП "Охридски комуналец" со вонредни активности за одржување на јавната чистота:  генерално чистење на ул.„Железничка„ и ул. „15-ти Корпус„. 

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и  подигнат е расфрланиот отпад.

 Расчистена е уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти. Во текот на денот беа подигнати и големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк.