Од кујната на Виолета - рецепт за посни ѓевречиња

Веќе започнаа велигденските пости, па за сите верници кои ги почитуваат постите, но и за другите љубители на вкусни ѓевречиња, нашата драга Виолета со нас споделува едноставен, посен  рецепт.

Еве што се е потребно и како да подготвите посни ѓевречиња:

500 мл млака вода
40 гр свеж квасец
100 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажица сол
950-1000 гр брашно

Во длабок сад се става млаката вода, шеќерот,квасецот и се меша со лажица додека се соедини квасецот со водата.

Се додава солта и маслото и на крај постепено се додава брашно се додека се добие убаво, меко, мазно тесто.
Се остава 15тина мин да одмори на собна температура.

Тестото се дели на 6 делови, за поголеми гевреци.

Доколку сакате помали поделете на 8 или 10 топчиња.

Од секој дел се обликува валјак со должина од околу 80 см, на половина се преплетува и се лепат краевите за да се добие геврек.

Во 1 литар млака вода се додаваат 2 лажици мед, малку сол и едно по едно  се потопуваат најпрво во водата па во сусам и се ставаат во плех со пек хартија. Откако ќе одморат 30 минути,  се печат 20 минути на температура од 200°С.