11-ти по ред натпревар математика-физика за добивање на стипендии

 Од денот на отворањето и  почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, П.С.У "Јахја Кемал" постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности.
 
 Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во ова училиште.

П.С.У. "Јахја Кемал" на ден 13.03.2022 год. (недела) со почеток во 10 часот го организира 11-ти по ред натпревар математика-физика за доделување на стипендии. Целата организација и реализација на натпреварот ќе биде според протоколите на МОН зa Ковид 19.
 
За П.С.У “Јахја Кемал“ – Струга можат да се пријавуваат учениците од училиштата на општините Струга, Охрид, Дебар, Вевчани, Битола, Прилеп, Ресен, Кичево, Демирхисар, Другово, Дебарца, Центар жупа и Пласница.
 
Пријавувањето може да се изврши по електронски пат, по пошта или лично.
 
Краен рок за пријавување: 10.03.2022г.