Од кујната на Виолета - рецепт за популарната американска пита (american pie)

Денес во нашата кујна, креативната и неуморна Виолета ни подготви еден превкусен рецепт за познатата американска пита. 
 

Еве што се е потребно и како да ја ппдготвите оваа пита: 

За тесто: 

400 грама брашно
220 грама маргарин
100 ml ладна вода
2 лажици шеќер 
малку сол

Се меси убаво, се дели на два дела и се остава во ладилник да одмори еден час. 



Фил: 

100 грама маргарин се става во сад на оган да се стопи и му се додава 3 лажици брашно кратко да се пропржи, потоа сеналева 500 ml ладна вода, се меша убаво и се додава 3/4 од чашата шеќер, се пропржува до топење на шеќерот. 

Во меѓувреме се лупат шест јаболка средна големина  златен делишец, и се чистат од семките. Се сечат на тенки кришки и се ставаат во длабок сад, се додава малку цимет, ванилин шеќер, мускатно оревче и претходниот фил со маргарин. Смесата се меша додека стане хомогена. 

Се намрсува тава број 26, се сука едната кора малку поголема од тавата, да висат краевите од кората надвор.  Се ставаат јаболката врз кората, и се сука вториот дел од тестото. Се сечат ленти со нож или со декоративна алатка, и се ставаат врз јаболката наизменично. Краевите од лентите се лепат со помош на прстите , и питата се премачкува со маргарин или со јајце доколку не сакате рецептот да биде посен. 

Питата се пече на 200C , 60 минути. Откако ќе излади е подготвена за конзумирање.