Од кујната на Виолета - кокосов колач

Овој четврток нашата драга Виолета ни подготви уште едно слатко задоволство кое нема да ве чини многу - ниту време, ниту пари. 

Еве што се е потребно и како да подготвите кокосов колач: 

За пандишпанот: 

2 јајца 
200 грама шеќер
200 грама брашно 
1 прашок за пециво
100 ml масло за јадење
200 ml млеко 
50 грама какао 

Се матат убаво јајцата и шеќерот, се додаваат маслото, млекото, брашното, прашокот за пециво и какаото, и се меша да се добие хомогена смеса. Половина од смесата се истура во плех 20x30 покриен со хартија за печење, и се пече во загреана рерна на 180C 15-ина минути. Откако ќе се испече се вади од рерна и врз него се става филот, врз филот преостанатото тесто и се враќа во рерна да се допече, околу 25 минути. 

За подготовка на филот потребно е: 

1 литар млеко
100 грама гриз
200 грама кокос 
100 грама шеќер

Се става млекото да зоврие, во него се додаваат шеќерот и гризот, се вари крем, и откако ќе згусне се трга од оган и веднаш се додава кокосот. 

Готовиот колач се украсува по желба, може со кокос или стопено чоколадо.