Од кујната на Виолета - рецепт за медени колачиња

И овој четврток нашата драга Виолета од својата кујна ни нуди еден неодоливо сладок рецепт – рецептот за медени колачиња.
 
Еве на кој начин можете да си ги подготвите и вие:
 
3 јајца
200 гр шеќер

Се бие со миксер убаво и се додава:

3 лажици мед
1 мало лажиче сода бикарбона
1 пециво
125 гр маргарин
100 гр мелени ореви

Се исклучува миксерот и се додава брашно по потреба, да се добие тесто како за ванилици.

Се сучи кора од 5 мм и се вадат форми по сопствена желба.

Се печат додека заруменат.

Се лепат со фил од:

300 мл млеко
1 пудинг од ванила
1 лажица нишесте
6 лажици шеќер

Смесата за филот се вари и откако ќе излади се мати со 125 гр маргарин.
Глазура од 100 гр. стопено чоколадо на пареа.