Од празничната кујна на Виолета - кадаиф

Дел од денешната празнична трпеза на нашата неуморна Виолета е и неодоливиот кадаиф. 

Виолета со нас го споделува рецептот и постапката за подготвување кадаиф. 

500 грама кадаиф
300 грама ореви
маргарин

Кадаифот се дели на два дела. Едниот дел убаво се натапкува во правоаголен плех 20x30. Врз него се става половина стопен маргарин и се пече 10ина минути на 150 степени. Се вади од рерна, се става крупно мелениот орев и врз него другата половина од кадаифот. 

Се натапкува убаво и се полева останатиот маргарин. Се пече на 160 степени, се додека не порумени. 

Откако ќе се испече и излади, внимателно се полева со жежок шербет кој се подготвува од 900 грама шеќер, 700ml вода, 2 ванилин шеќер и парчиња лимон. 

На здравје!