Од кујната на Виолета - Сарагли баклава

Во денешната празнична кујна ви нудиме уште еден од неодоливтие рецепти на нашата Виолета.

Вашата трпеза збогатете ја со сарагли баклава. За подготовка на овој рецепт потребно е:

500 гр кори за баклава
400 гр мелен орев
100 гр мелен бадем
1 мала лажичка цимет
3 лажици шеќер
300 гр маргарин

Оревот, бадемот, шеќерот и циметот се мешаат заедно во сад.

Корите се делат на половина.

Се зема по една кора и се премачкува со четка од растопениот маргарин, се става од оревот рамномерно по кората и потоа на сите кори додека се потрошат.

Се остава по една кора за на крај да се добие целина.

Се добиваат два ролати и се сечат парчиња од 2 см, се редат во плех хоризонтално. Се печат 25-30 минути.

Ладната баклава се попарува со жежок шербет.

Шербет:

600 гр шеќер
500 мл вода
2 лажици мед
1 лажица сок од исцеден лимон
2 ванилин шеќер