Хуманитарна Божиќна акција "Црвен тепих на хуманоста"

Градоначалникот Кирил Пецаков донираше хуманитарни пакети во рамки на акцијата „Црвен тепих на хуманоста“ која се организираше денеска во пресрет на Божиќните празници за помош и поддршка на социјално ранливите категории.

Втора година по ред, поради пандемиските мерки и протоколи за заштита, наместо традиционалните Бадникови поворки на радост се организираат хуманитарни акции за помош на лицата кои се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми. Целта на акцијата е ширење на божиќната радост, топла празнична атмосфера и човекољубие.

Градоначалникот Пецаков истакна дека ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Тој потенцираше дека Општина Охрид во рамки на своите можности ќе продолжи да обезбедува помош за ранливите категории на граѓани и да поддржува вакви настани.   

Во хуманитарната акцијата која се одржа на градскиот плоштад„ Св.Климент Охридски“ се вклучија дечиња од основите училишта, голем број хумани граѓани и фирми. Беше донирана голема количина на нерасиплива храна која ќе биде поделена на семејствата со социјален ризик.