Астронаути го отворија првиот фризерски салон во вселената

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица прават секакви експерименти и истражувања, но се обидуваат и да имаат навидум нормален живот додека лебдат во космосот. Така, тие прават пица, слават родендени, печат колачи, но сега ја отворија и првата фризерница во вселената.

На астронаутите, како и на сите нас, им расте косата додека се во Земјината орбита, а после некое време тоа може да им претставува проблем. Додека просечниот човек може едноставно да закаже термин и да појде во фризерски салон, во вселената, барем засега, тоа не е возможно.

Затоа, астронаутите буквално ги зедоа работите во свои раце и организираа потстрижување на Меѓународната вселенска станица. Меѓутоа, она што навидум изгледало како едноставна идеја, одеднаш станало вистински предизвик. Без гравитација, потстрижувањето е многу тешка задача.

 
 

Видеото во прилог можеби не го доловува во целост предизвикот да се потстриже некој без гравитација и во прилично тесен простор. Освен тоа, потребна е и доза прецизност за да не мора потоа да си ги избричат главите. Нема да го коментираме конечниот резултат затоа што астронаутот Чарли не е ни професионален фризер, ниту условите таму се нормални, но со оглед на тоа дека акцентот е ставен на практичноста, а не на стилот, можеме да речеме дека завршија одлична задача.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

www.inovativnost.mk