Се вратија првите туристи кои сами си го платија патот до Меѓународната вселенска станица

Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Јусако Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот асистент Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа денес околу 4 часот наутро.

„Туристичкиот лет на вселенското летало Sojuz MS-20 е завршен“ се наведува на страницата на Роскосмос.

Двајцата Јапонци се првите туристи кои самостојно го платија патот. Тоа е првата туристичка посета на Меѓународната вселенска станица од 2009 година. Цената на патувањето не беше објавена.

(N1)

(фото: YouTube)

www.inovativnost.mk