Од кујната на Виолета - тирамису во чаша

Денешниот рецепт на нашата неуморна Виолета повторно е сладок десерт кој мошне лесно и брзо се подготвува. 

Еве како да го подготвите и вие:

Тирамису во чаша

450 грама маскарпоне
3 лажици шеќер
12 бисквити
¾ од шолја кафе (може и без кофеин)
1 лажица рум
1 шлаг пена
Какао

Маскарпонето се мати со шеќерот да се изедначи и се става на дното од чашата.

Во меѓувреме кафето се меша со румот, во кои се потопуваат  бисквитите, и се ставаат врз маскарпонето. Повторно се става маскарпоне, па бисквити потопени во кафе, а на крај се завршува со декорација од шлаг пена и какао, според вашиот вкус.