Од кујната на Виолета - посни колачи - пиварки

Нашата вредна Виолета и овој четврток изненадува со еден стар, познат рецепт кој го подготвува на свој начин. Како што вели, бидејќи веќе започнаа Божиќните пости, во нашата кујна постот ќе го започнеме  со едни посни парени колачи.

Нека им е со лесно на сите кои постат.

За подготовка на пиварките потребно е:

250 мл пиво
250 мл зејтин
1 прашок за печиво
2 лажици шеќер
100 гр гриз
600-700гр брашно
100 гр орев за полнење

Шербет: 

700 гр вода
800 гр шеќер
Половина лимон исецкан на кришки
100 гр кокос или мелен орев за посипување

Најпрво во сад се ставаат течните состојки, потоа се додаваат и другите и се меси убаво меко тесто.

Се прават мали топчиња во кои се става јатка орев.

Се редат во плех и се печат додека поруменат.

Ладни колачи во топол шербет.

Се валкаат со мелен орев или кокос.