Пецаков: За Нова Година градот ќе биде скромно украсен и ќе има дочек на Градскиот плоштад

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот официјлен фејсбук профил објави дека за Нова Година градот ќе биде скромно украсен, а ќе има организиран дочек на Градскиот плоштад. 
 
- За новогодишните празници градот ќе има скромно украсување. Имаме најави за доаѓање на странски туристи за да ги прослават празниците во Охрид и градот ќе направи сѐ за тие да се чувствуваат добредојдени.
 
За Охрид за новогодишните празници се најавени туристи од странство, па поради тоа не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Минимален е тендерот околу осветлувањето, но сепак Охрид ќе биде украсен. Мора да бидеме подготвени да ги примиме странските туристи, папоради тоа ќе има и скромен настан на Градскиот плоштад каде ќе настапат само охридски изведувачи. - напиша на својот профил Градоначалникот.


Извор: фејсбук