Облакодерите Urban Sequoia ќе можат да го апсорбираат јаглеродот од воздухот

Во текот на годинeшната климатска конференција COP26 беше предложен концептот за проектот Urban Sequoia Project, кој би можел да помогне во борбата против загадувањето, а е предлог на компанијата Skidmore, Owings & Merrill (SOM).

Станува збор за концептуална мрежа од згради кои апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата. Напорите за намалување на карбонското влијание на градежништвото привлекуваат големо внимание од очигледни причини – градежниот сектор е одговорен за 40% од глобалната емисија на гасови.

Ако биде успешен, проектот Urban Sequoia Project може да го намали процентот на емисија и после изградбата. Тајната е во дизајнот, кој е резултат на интеграцијата на претходните решенија за зелено градење, вклучувајќи и минимизирање на употребата на материјали, технологија за „ловење“ на јаглеродот, користење биоматеријали и оптимизација на дизајнот.

До намалување на емисијата на јаглерод диоксид доаѓа поради две причини. Материјалот кој се користи во изградбата на зградите се состои од биотули, бетон од коноп и биобетон. Но, резултатот не е само карбонски неутрална конструкција, туку она што овие згради ги прави уште попосебни е апсорпцијата на јаглерод диоксид после изградбата. Тоа значи дека овие згради не се дел од проблемот, туку може да бидат решение.

Овој проект оди многу подалеку од карбонската неутралност затоа што зградите го отстрануваат јаглерод диоксидот од воздухот со својот алтернативен пристап во дизајнот. Првиот чекор е веќе направен со прототипот, а целта е да се испита ефикасноста на решението. Карбнската емисија се намалува со користење на природни материјали, а прототипот апсорбира 1.000 тони јаглерод диоксид годишно, што е еднакво на 48.500 стебла. Според тоа, се отстранува тројно повеќе јаглерод диоксид отколку што е потребно за изградба.

Крајната цел на компанијата не е изградба на една зграда или повеќе комплекси, туку развој на концептот на пошироко ниво. Тоа значи изградба на различни објекти како училишта, семејни домови, болници, облакодери и сл. На тој начин градбите ќе се однесуваат како шуми.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

www.inovativnost.mk