САД повеќе не е најбогатата земја во светот

Светското богатство се зголеми од 156 трилиони долари во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година, според извештајот на консултантската компанија McKinsey.

Анализата покажува дека 60% од богатството е концентрирано во десетте најбогати земји. Вкупно 50 отсто од растот во последните две децении се должи на Кина, додека 22 и 11 отсто отпаѓаат на САД и Јапонија.

Кинезите сега имаат комбинирано богатство од 120 трилиони долари, што е повеќе од 7 трилиони долари во 2000 година.

Во Соединетите Држави, од друга страна, богатството на населението е речиси двојно зголемено на сегашните 90 трилиони долари.

Вкупно 67% од богатството во Кина и САД е контролирано од 10% од најбогатите луѓе во двете најголеми економии, што покажува дека нееднаквоста не само што опстојува, туку и се продлабочува.

Недвижностите сочинуваат 68% од светското богатство денес и се речиси подеднакво распределени меѓу земјоделското земјиште и станбените објекти (35 и 33 проценти).

Зголемувањето цените на градежните материјали, како и проблемите околу имотниот гигант Evergrande, може да доведат до криза во Кина слична на онаа од 2008-ма година во САД, предупредува McKinsey.

Тоа би збришало до 33% од светското богатство, велат консултантите на компанијата.

(Denar.mk)

(фото: Pxhere)