Од кујната на Виолета - обланда

Овој четврток нашата драга Виолета повторно ни подготви слатко задоволство, кое го споделува со нас.

Како десерт за денес подгответе вкусна обланда.

За подготовка на обландата потребно е:

4 листа обланда
400 мл вода
300 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр чоколадо
100 гр мелен орев
500 гр мелени бисквити
1 лажица маргарин

Постапка:

Водата, ванилиниот шеќер и шеќерот се ставаат на оган да зовријат, им се додава маргаринот, чоколадото и се меша додека се растопат.

Се трга од оган и во смесата се ставаат мелените бисквити и мелениот орев.

Филот се дели на 3 дела, секоја обланда се филова од покрупната страна.

Откако се наредат тогаш врз обландата се става нешто тешко за да се залепи поубаво.

По неколку часа е спремна за дегустација.