Од кујната на Виолета - шах обланда

Овој четврток нашата драга Виолета со нас споделува еден стар, неодолив рецепт кој е многу интересен за подготвување и лесен за јадење. 

Еве што се е потребно и на кој начин да подготвите шах обланда. 

Се подготвуваат два пандишпана. За подготовка на првиот пандишпан треба:

5 јајца
3 филџани млеко
1 филџан млеко
1 филџан масло
4 филџани брашно 
1 пакетче прашок за пециво

За вториот пандишпан потребно е: 

5 јајца 
3 филџани шеќер 
1 филџан млеко
1 филџан масло
4 филџани брашно
1 лажица какао 
1 пакетче прашок за пециво

Филот се подготвува на следниот начин: 

1 литар млеко
7 лажици брашно
1 пудинг од ванила
300 грама шеќер 

Се вари како пудинг, а откако ќе излади се мати со 250 грама маргарин. 



Пандишпаните се печат во големи плехови 30х40 на хартија за печење. Откако ќе се испечат и изладат, се сечат десет ленти од двата пандишпани по должина. Потребни се 5 листа обланда кои се ставаат наизменично во влажни крпи за да омекнат. Се зема еден лист, се премачкува со фил, над него се става една бела лента која само странично се премачкува со фил, се става кафеава лента, се премачкуваат двете со фил и потоа наизменично се повторува постапката и со помош на крпата се оформува шах обландата. 

Истото се повторува и со другите листови обланда. Се добиваат 5 вакви шах обланди.