Од кујната на Виолета - лиснати кифлички со сирење

Четврток е ден резервиран за неодоливите рецепти на нашата Виолета. 

За денес, Виолета ни подготви лиснати кифлички со сирење. Еве што се е потребно и како да ги подготвите: 

150 мл јогурт 
200 мл млако млеко
30 грама свеж квасец
1 мало лажиче сол
лажица шеќер 
600 - 650 грама брашно

Наведените состојки се месат убаво, подолго време, а тестото се остава да одмори само 15 минути.  Се отвора кора од целото тесто, се премачкува со маргарин и се дипли повеќе пати се додека не се добие коцка. Вака  направеното тесто се остава во замрзнувач 30 минути, а потоа се вади и се сучи кора. Се вадат кифлички - во нашиот случај 24 кифли, се става парче сирење и се замотува секоја кифла. Стасуваат околу 45 минути, се премачкуваат со јајце и се печат на 200 Целзиусови степени 20-25 минути.