Во Дубаи се отвори најголемото панорамско тркало во светот

Неодамна во Дубаи се отвори најголемото панорамско тркало во светот Ain Dubai, кое му ја презеде титулата на Нigh Roller во Лас Вегас, која ја држеше последните седум години.

На панорамското тркало во Дубаи се работеше од 2013 година досега и низ годините го менуваше своето име од Dubai Eye, Dubai-I до Ain Dubai, наречено по шеснаесеттата буква во арапската азбука која се изгобвара исто како ‘eye’.

Тркалото е високо 250 метри и речиси дупло повиско од London Eye (134 м). Изградбата на тркалото ја реализираа компанитие Hyundai Engineering and Construction и Starneth Engineering, кои го дизајнираа изгледот и беа одговорни за конструкцијата.

Според страницата на Ain Dubai, во тркалото се ставени 11.200 тони челик и 192 кабли со вкупна должина од 2.400 км. Тркалото се наоѓа на вештачкиот остров Bluewaters Island и нуди 360 степени панорамски поглед на Дубаи

Луѓето можат да уживаат во панорамскиот поглед од 48 високотехнолошки кабни со клима уреди и клупи за седење. Едно вртење на тркалото трае 38 минути, а цената на еден билет е 36 долари.

(Interesting Engineering)

(фото: Ain Dubai)

 
www.inovativnost.mk