Од кујната на Виолета - кремаста панакота со јагоди

Денес во нашата слатка кујна Виолета ни подготви кремаста панакота со јагоди. 

За подготовка на ова слатко уживање потребно е: 

500 грама јагоди (свежи или замрзнати)
5 лажици шеќер
5 лажици вода 
1 пакетче желатин

Водата е потребна за да се раствори желатинот. 

Јагодите се ставаат во тенџере на оган заедно со шеќерот, малку да провријат и им се додава растворениот желатин. 

500 мл хопла
200 мл млеко 
5 лажици шеќер 
1 лажица екстракт од ванила

Сето ова се става на оган до точка на вриење. Потоа, откако ќе се тргне од оган му се додава претходно растворениот желатин со 5 лажици вода. 

Редоследот на состојките во чашата е по ваша желба. Во нашиов случај прво е направен белиот дел, се става во чашата, се остава да се излади околу 3 часа, и потоа постапката се повторува со црвениот дел.