"Јане Сандански" добива современа сообраќајна сигнализација

Реконструираната улица „Јане Сандански“ добива сообраќајна сигнализација по сите современи стандарди.

Покрај обележување на основната хоризонтална сигнализација, обележани се велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Исто така, предвидено е поставување на вертикална сигнализација.

Со овие активности, целосно се комплетира проектот за реконструкцијата на оваа важна сообраќајница во Охрид.

Претходно беше извршена промена на водоводната мрежа, беше поставена нова фекална и атмосферска канализација. Поставен е асфалт на коловозната лента, беа уредени тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Се оформија локации за паркирање, две автобуски постојки и две локации за такси превозници. Поставено ново улично осветлување, уредени се зелени површини и засаден е нов дрворед.

Вредноста на целокупниот проект изнесува околу 33 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk