Улицата "Јане Сандански" утре ќе биде затворена за сообраќај

Поради бележење на хоризонтална сигнализација, во вторник на 26.10.2021 година (од 08:00 часот) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Општа болница.

Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги отстранат сите возила од оваа улица и воедно во текот на утрешниот ден да го избегнуваат за сообраќај овој потег од градот.