Мешањето на вакцини дава подобра заштита – Објавени резултатите од истражувањето за ефикасноста од бустер дозата

Луѓето кои примиле две дози од вакцините за коронавирус Johnson&Johnson имале посилен имунолошки одговор кога ја примиле третата доза на Pfizer или Moderna, според студијата на Националниот институт за здравство на САД.

Според Reuters, студијата е прелиминарна и не е прегледана, и претставува најнов предизвик за напорите на Johnson&Johnson да ја користат нивната вакцина против коронавирус како засилувачка доза во Соединетите држави.

Студијата, во која беа вклучени повеќе од 450 возрасни лица кои ги примиле првите дози на вакцини Pfizer, Moderna или Johnson&Johnson, покажала дека „мешањето и совпаѓањето“ бустер дози на различни видови вакцини е безбедно за возрасните, пренесува Reuters.

Американските здравствени службеници беа под притисок да дадат совети за бустер дозите на вакцините на Johnson&Johnson и Moderna откако Белата куќа во август објави дека планира да воведе имунизација со дополнителна доза вакцина за повеќето возрасни лица.

Мешањето и прилагодувањето на вакцините за третата доза предизвика слични несакани ефекти како и оние од вакцинацијата со исти вакцини и не предизвикаа значителни безбедносни проблеми, се вели во студијата.

Студијата на трите вакцини против коронавирус, моментално одобрени во Соединетите држави, покажа дека користењето различни видови вакцини како трета доза, генерално, произведува стандарден или повисок имунолошки одговор на антитела отколку користењето ист тип на вакцина.

(Denar.mk)

(фото: Freepik)