Со настанот "YOUTH DAY" во недела ќе се одбележи Неделата на млади

Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид на 03.10.2021 г., недела, во периодот од 12 – 14:30 ч. на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ ќе организира забавен настан „YOUTH DAY“, на кој преку најразлични едукативни работилници и перформанси ќе се поттикнува хуманоста и креативноста кај младите.

Посетителите на овој јавен настан ќе имаат можност да учествуваат на работилница за танц, да бидат дел од изработката на графит-мурал на зид кај Центарот за култура, да учествуваат на тим билдинг и photo booth сесијата, да пристапат до најголемото хуманитарно семејство на Црвениот крст и да уживаат во многу други интересни содржини подготвени од младите на Црвен крст Охрид.

Гарантираме младост, хуманост и забава.

Реализацијата на овој настан е помогната од страна на канадската организација Canadians For Children At Health Risk со која Црвен крст Охрид има долгогодишна успешна соработка.