Од кујната на Виолета - Царска салата

Есента е време на подготовки за зимскиот период. Подготвувањето зимници не е тешко, само треба да имате добра волја и доволно трпение за подготовка. 

Нашата Виолета денес ни подготви Царска салата. Рецептот го споделува со нас: 

1 кг. корнишони
1 кг. моркови
1 кг. карфиол
1 кг. црвени пиперки (ајварки)

Сите намирници се сецкаат на помали парчиња. 

За солилото потребно е: 

3 литри вода
450 мл. 9% алкохолен оцет
200 гр. крупна сол
200 гр. шеќер 

Солилото треба да зоврие, потоа да се излади, па  му се додава 1 пакетче бибер во зрно и 5грама винобран. Вака подготвеното солило се полева врз исечканиот зеленчук, кој потоа се складира во соодветни тегли.