Од кујната на Виолета - посни гурабии со бадем

Денес во нашата кујна Виолета ни го претставува нејзиниот рецепт за посни гурабии со бадем. 

За подготвока на овој десерт потребно е: 

200 гр маргарин
100 мл масло
2 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
100 гр дробен бадем
50 мл вода
3  лажици шеќер
Брашно по потреба

Се меси убаво средно меко тесто и се става во фрижидер 30 минути.

Потоа со помош на сукалка се отвора кора со дебелина од 1,5 см и се вадат форми со помош на чаша.
Се печат.
Се валкаат во шеќер во прав.