Во понудата на Библиотеката уште осум нови наслови

Од континуираната набавка на нови интересни наслови во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид оваа среда ви ги претставуваме следните наслови:

Собата на пеперутката од Лусинда Рајли и Вртелешка од Зорана Шулц обете во издание на Матица македонска.
Од издавачот Сакам книги во неделната понуда е романот Јужњакот со сини очи од Лиса Клејпас. Нечесна игра од Верица Митева е во издание на Харт Букс Паблишер.

Следните четири наслови се во издание на Антолог:

Виенски гамбит од Анде Јанков, Во градината на ѕверот Лејла Силмани, Повикот на кукавицата од Роберт Галбрајт и Брит – Мари беше тука од Фредерик Бакман.

Пултот за издавање до почетокот на септември работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 16.00 часот.
Ве потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.