Знаете ли дека во Хрватска има остров кој можете да го прошетате со само 600 чекори?

На само 2 км од островот Хвар во Хрватска се наоѓа островот Покоњи Дол, кој привлекува се повеќе внимание и од домашните и од странските туристи, а можете да го прошетате со само 600 чекори. Припаѓа на групата Огнени Острови, кои го добиле името по вредната борова смола, а долг и широк е околу 150 метри.

Боровата смола на островот се користела како заштитен премаз за дрвените бродови и чамци. Со своите неколку стотини метри брег, тој остров е како еден вид украс среде синилото на морето и еден од омилените мотиви на уметниците кои ќе го посетат Хвар.

На островот има светилник кој е изграден во далечната 1872 година. Во двокатната куќа има и четириаголна кула. Највисокиот врв на островот е само 5 метри над нивото на морето. Толку е блиску до брегот на Хвар што на туристите на Хвар им се чини дека можат да го дофатат со рака.

(Bizlife)

(фото: Instagram)

www.inovativnost.mk